Совети за огласување
Вашиот потенцијален приход зависи од неколку фактори.
Се зависи од вашите огласувачки позиции, месечната посетеност, квалитетот, посетителите и обезбедените огласувачки производи. Додека се фокусирате на содржината, дизајнот и позициите на огласите, ние се обврзуваме да обезбедиме најдобри огласи и најоптималните производи за вашата веб страна.

Каде би требало да ги поставам огласите на моите веб страници?
Најдобрите локации за огласите варираат од страна до страна, во зависност од содржината на страната. Еве неколку прашања кои би требало да си ги поставите кога одлучувате каде ќе ги позиционирате вашите огласи:
- Што сака корисникот да постигне со посетувањето на мојата страна?
- Што прават посетителите кога е прикажана одредена веб страна?
- Каде е фокусирано нивното внимание?
- Како да ги интегрирам огласите на мојата страница а да не им пречат на корисниците?
- Како да ја направам страната да делува чисто, средено и примамливо?
Некои локации се поуспешни од другите. Оваа мапа ги илустрира идеалните места на еден пример за распоред на страна. Боите бледеат од темно портокалова (најсилно претставена) до светло портокалова (најслабо претставена). За сите останати работи важи дека повлијателни се огласите видиливи без скролање со глувчето, додека оние за кои треба да се придвижите надолу по странат се помалку влијателни. Огласи поставени блиску до богата содржина или навигациони мениа, најчесто поминуваат добро бидејќи корисниците се фокусирани на тие делови од страната.
Оваа мапа е корисна како водич за позиционирање, но ние ви препорачуваме посетителите секогаш да ви бидат на прво место. Размислувајте околу нивното однесување на различни страни и што би било најкорисно и највидливо за нив. Ќе забележите дека оптималните позоции не се секогаш оние кои сте очекувале да бидат на одредени страни.
На пример, на страни каде корисниците се типично фокусирани на читање статии, огласите поставени веднаш под текстот имаат поголеми шанси да бидат видени. Во случај кога корисникот по читањето на текстот се запраша “Што да направам следно?”, прецизно таргетиранит оглас може да го даде одговорот на нивното прашање.
Kоја комбинација на бои е најуспешна?
Ако сакате да оставaрите голем профит, ние ви препорачуваме да го оптимизирате изборот на бои. Изборот на вистинските бои може да придонесе кон подобра перцепција на вашите огласи од страна на посетителите и кликнување на вашиот оглас наместо на другите.
Ние ви предлагаме неколку стратегии кои се дизајнирани да го подобрат забележувањето на огласите, тенденцијата корисниците да игнорираат се што се одвојува од главната содржина на страната. Со правењето на овие промени, ќе ги направите Вашите огласи повидливи за другите. Целта не е да се доведат до забуна корисниците со мислење дека огласите се дел од содржината, туку да се наведат посетителите да го видат и прочитаат огласот за да кликнат на оној оглас кој ги интересира нив.
Стратегијата за боите која треба да ја користите на вашата веб страна варира во зависност од позицијата на огласот и бојата на позадината каде што огласите се поставени. Погледнете ја табелата за да видите кои совети ви ги предлагаме и кои од нив најдобро би одговарале за вашата веб страна.
| Огласи со содржина | Огласи како дел од содржината | |
| Светла позадина под огласот | Мешавина | Мешавина или додаток |
| Темна позадина под огласот | Мешавина ,додаток или контраст | Контраст или додаток |
- Мешавина, да се направи позадината и рамката на вашиот оглас иста боја како и позадината на вашата веб страна каде што е огласот сместен.
- Додаток, да се користат боите кои веќе се на вашата веб страна, но не се истите бои од позадината и рамките точно каде оглаост е поставен.
- Контраст, изберете бои кои се одвојуваат од позадината на вашата страна. Контрастот се препорачува само за веб страни со темна позадина, затоа ние ви препорачуваме да користите комбинација од бела позадина, бели рамки и сини наслови.
За повеќето техники со бои, ние препорачуваме користење на бои за вашиот текст во огласот и линкови кои веќе постојат на вашата страна. На пример, ако линковите на вашата страна се сите зелени и вашиот текст е црн, исто користете зелени линкови и црн текст во вашиот оглас. Бидејќи повеќето посетители се научени да гледаат сини линкови, можете истотака да користите и вие сини линкови.
Во главно, користете вообичаен избор на бои кога избирате за вашиот оглас. Ако главните бои на вашата страна се пастелни, не дизајнирајте огласи кои соджат основни бои. Посетителите нема да кликнат на огласите кои се визуелно непривлечни.
Иако вашите огласи се дизајнирани перфектно, техниките кои ви ги објаснивме погоре може да не функционираат заради следните причини:
- Дали вашата веб страна има постојани посетители?
Ако посетитителите доаѓаат секој ден, тие нема повеќе да ги приметуваат огласите кои се наоѓаат на иста позиција секој ден, без разлика на боите. Обидете се со бои кои ќе ги менувате или повремено ќе ја менувате позицијата на огласите на вашата веб страна. - Дали вашата веб страна има многу огласи и премногу содржина?
Ако вашата веб страна е наполнета со огласи или има премногу содржина, единствената солуција е да користите повеќе визуелно привлечни бои да ги направите вашите огласи попривлечни. Ако техниките кои се погоре дадени не даваат резултати, обидете се со користење на видливи или бои кои се истакнуваат.
Совети за да ги направите вашите огласи видливи: отворете ја вашата веб страна и ставете се во улога на посетител. Дали огласите ви го привлекуваат вниманието, без да бидат блескави? Дали би сакале да ги прочитате, или вашите очи ги одминуваат истите? Обидете се да најдете баланс помеѓу огласите кои ја надминуваат вашата содржина и огласите кои вашите посетители нема да ги забележат.
