Речник на интернет маркетинг поими
A / B / C / D / E / F / G / H / I / J / K / L / M / N / O / P / Q / R / S / T / U / V / W / X / Y / Z
- Under delivery
- Сервирање на помалку импресии, посетители или кликови од договорениот број во одреден период.
- Unique users
- Број на поединци кои посетуваат веб страна во специфичен временски период.
- Unique visitor
- Единствен посетител е оној кој има единстевна адреса од којa пристапува на веб страната за прв пат во денот (или во друг специфичен период). Посетителот кој во истиот ден се враќа повторно на страната не се брои. Бројката на единствени посетители кажува колку различни посетители се ваша публика во одреден период, но не колку тие ја посетувале страната во тој период.
- Up sell
- Процес на овозможување на дополнителна понуда за поврзани производи/услуги на потрошувачот откако претходно ќе се пријави за купување но пред да се изврши трансакцијата.
- Update
- Модификација на податоци од база на податоци со внесување на нови информации или отстранување. Внесувањето или се врши рачно (брзо и ефтино) или онлајн (поспоро и поскапо).
- Upload
- Процес на префрлување на податоци од локален драјв на сервер - обично тогаш информациите стануваа достапни преку интернет.
- URL
- Локација на податоци на интернет. Uniform Resource Locator (URL) е интернет адреса на Веб страна на world wide web (www).
- USP
- Скратеница за единствена продажна понуда. Единствените придобивки кои ги нудат компаниите на потрошувачите.
