Речник на интернет маркетинг поими
A / B / C / D / E / F / G / H / I / J / K / L / M / N / O / P / Q / R / S / T / U / V / W / X / Y / Z
- Tag line
- Слоган или фраза која ги содржи најважните атрибути на производот или предностите на производот кои огласувачот сака да ги содржи. Во главно ,тоа е темата на кампањата и се појавува во огласот. Може исто така да се појави како текст на кој може да се кликне веднаш под огласот и кога ќе се кликне на него води до истата страна која што се отвара и кога ќе се кликне на банерот.
- Targeting
- Можност да се сервира најсоодветниот оглас кој има поврзаност со содржината на страната, демографскиот профил или таргетирање по пребарувач. Напредните техники за таргетирање ги земаат предвид и однесувањето на посетителот и предвидуваат како ќе се однесува посетителот базирано на афинитетите и сличностите со другите посетители.
- Testimonial
- Изјава која вообичаено е дадена од познато лице или задоволен купувач, промовирајќи ја вредноста на производот, настанот или услугата. На примет Тајгер Вудс, како еден од најдобрите голфери, може да каже како одреден тип на голф топчиња се најдобри.
- Text ad
- Оглас во кој се користат хиперлинкови базирани на текст.
- Text link
- Tекст кој што линкува до друга веб страна. Може да се најде на веб страните или во newsletter или во е-маил. Обично се издвојува со тоа што буквите се во сина боја и се подвлечени. Кога ќе се кликне на него, посетителот ќе биде однесен на линкот кој е по
- Text link exchange
- Mрежа каде што страните кои се членови објавуваат текст огласи во замена за кредити кои се конвертираат(користејќи претходно одредена стапка на размена) во огласи кои се објавуват на други веб страни.
- The cost per targeted thousand impressions (CPTM)
- Цена по таргетирани илјада импресии е исто што и цена по илјада импресии, но ова се однесувасамо на таргетирани камањи.
- Throw away page
- Домеин кој има многу ниска вредност. Тие често се користат за тестирање на нови тактики на оптимизирање на пребарувањето и можат да бидат забранети.
- Title tag
- HTML таг кој се користи да дефинира одреден текст во горната линија на пребарувачот, кој се користи и од страната на многу други пребарувачи како наслов на листи на пребарувања.
- TLD
- Top level domain е екстензија на домаин кој го следи домаинот. На пример во во САД ".com" се користи за бизнис, ".edu" се користи за образовни институции, ".net" за компании за мрежи,".gov" за владини организации,".mil" за војска и ".org" за непрофитни организации. Во прилог, повеќето земји имаат регистрирано и по две букви како ".ca" за Канада и ".uk" за Англија.
- Top 10
- Топ десет резултати добиени од пребарувачот.
- Traffic
- Број на посети, импресии и хитови кои ги добива страната.
- Trap door
- Претставува вид на огласување со банери кое води на страна која не му дозволува лесно на посетителот да се врати на претходната страна каде што бил поставен огласот. Ова може да се направи со користење на meta refresh tag кој е поставен на 0 на страната која се отвора после кликнувањето на огласот во нов прозорец или пак копчето за назад е скриено.
- Trick banner
- Оглас кој ги мами луѓето да кликнат на него, користејќи имитација на порака од оперативен систем.
