Речник на интернет маркетинг поими
A / B / C / D / E / F / G / H / I / J / K / L / M / N / O / P / Q / R / S / T / U / V / W / X / Y / Z
- Sales promotion
- Mаркетинг активности кои го стимулираат потрошувачот да купи и дилерот да оствари ефективност преку комбинација на директна продажба, огласување или сите пропратни продажни активности.
- Search Advertising
- Се исплати кои огласувачите ги даваат на Интернет компаниите да ги листаат или поврзат домејните на нивните веб страни до одредено барање на збор или фраза.
- Search engine
- Програма која ги означува документите, и потоа пробува за да ги спои релевантните документи кои посетителите ги бараат преку пребарувачот.
- Search engine marketing
- Маркетиншка акција преку пребарувачот, во зависност дали целта е подобрување на местото во листата , купување на листа или комбинација од овие две и други search engine- поврзани активности.
- Search engine optimization (SEO)
- Процес на таргетирање клучни зборови или фрази повзани со веб страната, и обезбедување соодветно место при пребарување на истите.
- Search engine optimization firm
- Компанија за оптимизирање на пребарувањето е компанија чии главни приходи се обезбедуваат преку услугите за оптимизација при пребарувањето. Главна услуга на оваа компанија е да го зголеми сообраќајот на страните како резултат при пребарувањето. Овие компании се поистоветуваат и како Интернет маркетинг консултанти или професионалци за пребарување.
- Search engine spam
- Намерно влијание врз рангирањето при пребарувањето, вообичаено за страни кои содржат малку или нерелевантна содржина.
- Search engine submission
- Дел каде се регистрира URL адресата во пребарувачот со цел да му се даде на знаење на пребарувачот дека страната постои.
- Search spy
- Непрекинато рефреширање на страната кое овозможува преглед во реално време при пребарувањето.
- Search terms
- Зборови (или збор) кои ги внесува личноста што пребарува во пребарувачот. Исто се користат и како терми за кои личноста што пребарува мисли дека полесно ќе ја пронајде страната што ја бара. Исто така се нарекуваат и клучни зборови.
- Self-serve advertising
- Огласување кое може да се купи без асистенција на продавач.
- SEMPO
- Search Engine Marketing Professional Organization, непрофитна организација формирана да ја зголеми свеста и ќе ги едуцира луѓето за вредноста на search engine маркетинг.
- Shopping cart
- Софтвер кој се користи да направи веб страна со каталог на производи достапни за онлајн нарачки, каде посетителите можат да изберат да го погледнат производот, да додадат или отстранат производ или да направат нарачка. Софтвер кој е направен да ги следи купувањата на посетителите додека тие не се одјават од веб страната.
- Shopping search
- Пребарувач за шопинг им дозволува на купувачите да побараат производи и цени. Главното место за купување може да се купи на некои пребарувачи за шопинг.
- Sig file
- Краток блок на текст на крај од пораката идентификувајќи го испраќачот и овозможување дополнителан информација за нив.
- Site map
- Дел од една веб страна која ги дава на едно место линковите на секоја дуга подстрана која е дел од главната веб страна.
- Site optimization
- Ја модифицира страната за да ја направи полесна за алатката за пребарување за да ја индексира автоматски што ќе резултира со подобар пласман во резултатите.
- Site promotion
- Промоција на веб страната ги вклучува сите чекори кои ќе помогнат да се зголеми сообраќајот на страната, препознавање на адресата и бизнис. Промоција на веб страната вклучува, но не е лимитирана на оптимизација на пребарувањето. Бидејќи се поистоветува со Интернет маркетинг, оптимизација на веб страната и варијации на други термини, промоција на страната овозможува и платформа со која потенцијалните купувачи ќе се запознаат со новите бизниси.
- Site search
- Пребарувачка функционалност специфицирано само за една страна.
- Skyscraper ad
- Онлајн оглас кој е подолг од банерот со димензии 120x240 вертикален банер со димензии 120x600.
- Slogan
- Кратка, лесна за паметење рекламна фраза која се појавува во рекламите. На пример NIKE со "Just Do It".
- Snail mail
- Teрмин за обична и воздушна пошта> Овој начин на испраќање обично трае повеќе денови за разлика од испраќањето на маил.
- Soft sell
- Техника која користи низок притисок кој се појавува во огласите и генерира продажба или реакција.
- Spam
- Несоодветна комерцијална порака со премала вредност.
- Splash page
- Брендирана страна која се појавува пред почетната страна, позната како "jum page".
- Split run
- Процес за тестирање во кој се испраќа истиот оглас на две или повеќе групи со разчични наслови или копии за да се види ефектот на секоја.
- Sponsorship
- Oгласување кое бара да се обезбеди подлабока соработка и интеграција помеѓу огласувачот и интернет медиумот, често и вклучувајќи и изработка на мини веб страна спрецијално за одредената кампања.
- Spotlights
- Се специјално направени страници кој ги инкорпорираат брендот на огласувачот и сместуваат колекција на содржина околу одредена тема.
- SSI
- Server Side Include е дел од код во HTML документот кој се процесира од серверот секој пат кога страната се отвора. Се користи да се објави динамичка содржина на веб страната како скрипта за ротирачки банер.
- Standards
- Сет од стандарди креирани од Interactive Advertising Bureau (IAB) за димезиите, тежините и имињата на онлајн огласите.
- Start date
- Дата на која огласувачката кампања почнува.
- Static content
- Содржина на веб страната која е тешко да се кодира на страната и не потекнува од датабаза. Пребарувачите немаат проблем со индексирање на оваа содржина, како што е случајот со динамичката содржина.
- Statistics
- Податоците кои се на софтверот за сервирање на огласите и се добиваат со секое сервирање на огласот и кликнувањето на истиот. Статистиката која се запишува може да дава едноставни податоци како вкупни импресии и стапка на клик или подетални податоци како тип на пребарувач, географска локација, оперативен систем и повеќе.
- Stickiness
- Количина на време потрошена на поминување на една веб страна во одреден период.
- Sticky
- Термин кој се користи да се опише Веб страна на која посетителите остануваат подолго отколку на другите страни. Ова е често случај заради шареноликата содржина и предностите понудени на посетителите кои ги штитат од можноста да отидат на друга веб страна за повеќе информации. На пример, страните кои имаат онлајн игри се од ваков тип.
- Sub domain
- Традиционален дел од домеинот каде "www" е локација која е на трето ниво или поддомеин на главниот домеин.
- Subliminal
- Потсвесно убедување е користење на огласувачка порака презентирана под значењето и навлегува во потсвеста. Визуелна или гласовна порака која како што се тврди дека е примена психолошки, но несвесно.
- Supertitials
- Збогатен формат на огласи кои се симнуваат во позадина додека посетителот ја чита веб страната и се појавува прозорец откако ќе заврши симнувањето. Тие се атрактивни за огласувачите бидејќи со нив се овозможува поголема и интерактивана реклама отколку преку обичните банери и бидејќи тие се симнуваат во позадина не се толку вознемирувачки како pop-up и takeover.
- Surround session
- Огласувачка секвенца во која посетителот добива огласи од огласувач за време на целата посета на страната.
- Sweepstakes & Contests
- Може да опфаќа брендирани наградни игри на страната или целосно брендиран натпревар со аплицирање и судии.
