Network:

Речник на интернет маркетинг поими


A / B / C / D / E / F / G / H / I / J / K / L / M / N / O / P / Q / R / S / T / U / V / W / X / Y / Z



Rank
Веб страна или оглас кој е ставен во споредба со други веб страни или огласи. Рангирањето им овозможува информација на огласувачите за споредба во ефектот.
Ranking
Во контекст на пребарувачите, тоа е позицијата на која се појавува страната во резултатите од пребарувањето.
Rate card
Документ кој содржи детални цени за различни позиции на огласи.
Real time
Термин кој се користи да ги опише моменталните резултати. На пример, на огласувачот му се потребни статистики од реално време за тоа како се движи неговата кампања повеќе отколку резултати на неделно или месечно ниво.
Reciprocal link
Линкови помеѓу две страни, често базирани на меѓусебен договор за размена на линкови.
Rectangle ad
Формат на оглас со коцкасти димензии одредени од IAB.
Referrer
Адреса (URL) на веб страната од која посетителот дошол пред отварањето на друга веб страна. Секогаш кога посетителот кликне (селектира) нов HTML линк на веб страна, повеќето browse-ри даваат "HTTP-REFERER" врска со новата страна. Веб администраторот може да ги зачува овие "referrer врски" во документ за пристап по страни. Во контекст на пребарувачите овие referrer врски се моќен начин да се одредат кои пребарувања ги користат посетителите за да дојдат до вашата веб страна. Како дел од referrer врската од пребарувачот, бараните термини кои ќе ги внесе посетителот ќе бидат вклучени. Некои бројачи за тагови на слики можат да дадат резулатати за referral врските.
Referring page
Веб страна на која бил посетителот претходно пред да ја посети сегашната страна како резултат на кликнување на хиперлинк на претходната веб страна.
Registration
Процес во кој посетителите на веб страната им е побарано да се регистрираат и да остават одредени податоци за самите себе со цел да добијат целосен пристап до страната. Во зависност од нивото на бараните податоци, ова им овозможува на веб страните од маркетиншки аспект да ги таргетираат огласите на регистрираните кориснии кои им одговараат како целна група.
Relationship marketing
Процес на градење на врска со потрошувачите чии резултати се однесуваат на потрошувачите да станат полојални, да купуваат повеќе и да останат постојани потрошувачи. Ова е уште еден збор за датабаза маркетинг.
Remnant space
Огласувачки простор кој е останат непродаден пред да биде искористен и често се продава со  поголем попуст во последен момент.
Rep firm
Партнер за продажба на огласувачки простор специјализиран за продажба на посебни веб страни.
Request
Обид од еден browser да се отвори страна, вклучувајќи ги сите елементи од страната како оглас/банер од серверот на интернет.
Return days
Број на денови кои партнерот ги добива како провизија за оставарената продажба од одреден посетител.
Return visits
Број на посети кои ги направил исти посетител со враќање на страната после одреден период.
Rich media
Нови формати кои нудат поново и подобрено искуство на посетителите за разлика од  класичните форматите.Е реклама која вклучува анимација, звук или интерактивност во било кој формат. Може да биде користена поединечно или во комбинација со следните технологии: звук, Flash, и со програмерски јазици како Java, JavaScript или DHTML. Се користи преку стандардни веб или безжични апликации како е-мејл, статични и динамични веб страници, и може да се појавува во формати на рекламирање како банери, копчиња и interstitials (меѓупростори) .Interstitials претставуваат реклами на целосни или делумни страници на текст и слика кои се појавуваат при преминот меѓу две страни од содржината. Формати се splash screens, page takeovers и pop-up windows.
ROC
Огласување во категорија (Run of category) значи огласот да се појавува секаде во категоријата на одредена веб страна или во една огласувачка мрежа. Ова е потаргетирана кампања отколку oгласување на страни ( Run of site (ROS)) каде огласот се појавува на секоја категорија на еднa веб страна.
ROI
Враќање на инвестицијата (Return on investment) е процес кој се користи да ги утврди дали предвидените парични придобивки од направените расходи, како на пример за рекламна кампања, се под или над сумата на пари потрошени за кампањата. Во зависност од целта на огласувачката акција, враќањето на инвестицијата е тешко да се утврди со точност.
RON
Огласување во мрежа (Run of network ) значи огласот да се појави на секоја категорија на секоја страна која е дел од некоја огласувачка мрежа. Бидејќи овој начин на откупување не е таргетиран, тој претставува и најефтин вид на огласување што може да се купи.
ROS (Run Of Site)
Закупување на огласен простор во кој огласите се појавуваат на сите страни од таргетираната страна.
Rotation
Оглас кој е во ротација на страната или група на страни, нема да биде единствениот оглас кој се појавува кога ќе се отворат повторно страните. Понекогаш огласувачите бараат нивниот оглас да се појавува постојано во овој случај огласот се појавува при секое отварање на страната и овој случај е познат како ексклузивност.
Run of site advertising
Случајно појавување на огласот на веб страна. Слично со ротација.