Речник на интернет маркетинг поими
A / B / C / D / E / F / G / H / I / J / K / L / M / N / O / P / Q / R / S / T / U / V / W / X / Y / Z
- Page jacking
- Кога некој ќе украде Веб страна и ќе ја постави на своја Веб страна.
- Page rank
- Рангирање на сите страни на интернет. Ранг местото е базирано на број и квалитет на линкови кои водат до конкретната страна.
- Page view
- Барање за да се прикаже една HTML страна.
- Paid inclusion
- Гаранција дека URL- то на маркетерот е индексирано од алатката за пребарување (пример Google, Yahoo). Листањето е одрeдeно со алгоритми на алатката за пребарување.
- Paid listings
- Текст линкови кои се појавуваат најгоре или од страна на резултатите од пребарувањето на одредени клучни зборови. Колку повеќе плаќа огласувачот толку повисока позиција добива. Огласувачот плаќа само тогаш кога корисникот ќе кликне на текст линкот.
- Pass-along rate
- Процентот на луѓе кои стигнале до одередена порака или фајл.
- Pay per click (PPC)
- Модел на плаќање за онлајн огласување базиран на бројот на кликови.
- Pay per click search engine (PPCSE)
- Пребарувачи каде резултаите се рангирани според наддавање и на огласувачите им се наплатува само кога посетителот ќе кликне на нивното име на листата.
- Pay per lead (PPL)
- Модел на плаќање на онлајн огласување каде се плаќа врз основа на превземени иницијативи од страна на клиентите.
- Pay per performance
- Термин кој е популаризиран како синоним на Pay per click (плаќање по клик), каде огласувачот плаќа само за огласите кои на пример, резултирале со зголемување на посетеноста, за разлика од CPM (плаќање по 1000 импресии), каде огласите се плаќаат иако не генерирале кликови.
- Pay per sale (PPS)
- Модел на плаќање за онлајн огласување каде огласувачот плаќа само квалификувани продажби.
- Perl
- Еден од главните CGI програмски јазици. Perl е лесен за употреба и се карактеризира со синтакса изградена од неколку општопознати програмски јазици.
- Permission marketing
- Маркетинг концентриран на добивање на согласност од купувачите за да добиваат информации од одредена компанија.
- Pixel
- Скратеница за picture element (pixel), пиксел е мерна единица која означува една точка во одредена графика/слика. Скоро сите огласи се мерени во пиксели, на пример стандарден банер со димензии 468x60.
- Platform
- Тип на компјутер или оперативен систем (OS) на кој оперира одредена дизајнирана апликација. Двете компјутерски платформи се PC (персонален компјутер) и Macintosh, а двете софтверски платформи се Windows и Unix.
- Pop behind
- Тип на оглас кој автоматски се прикажува во втор помал прозорец позади веќе отворениот прозорец опткако ќе се лоудира нормалната Веб страна. Pop behind огласите ги чинат многу повеќе огласувачите бидејќи нивната видливост е поголема, но за посетителите се помалку вознемирувачки одколку pop up огласите.
- Pop-under ad
- Оглас кој се појавува во нов прозорец позади моменталниот прозорец.
- Pop-up ad
- Тип на оглас кој автоматски се покажува во втор помал пребарувач додека нормалната интернет страна се вчитува. Pop up огласите чинат повеќе бидејќи нивната видливост е поголема, но се сметаат за вознемирувачки од страна на посетителите на Интернет страна , бидејќи се наметливи.
- Portal
- Интернет страна која нуди толку многу содржини, па корисникот има мала причина да оди на друга страна за повеќе информации. Изворите може да вклучуваат директориуми со линкови, игри, email, шопинг центри и повеќе. Идејата е да се привлечае и да се задржи поголема публика и да се понудат различни секции на огласувачите. Yahoo е пример за портал.
- Promotion and advertising
- Многумина кога ќе го слушнат зборот маркетинг мислат на огласување. Во реалноста, маркетингот е многу поширок концепт, кој го вклучува огласувањето како еден од неговите основни методи на комуникација и промоција на прозводите и услугите. Огласувањето, продажната промоција и јавните односи претставуваат три екстремно важни форми на маркетинг комуникациите. Многумина од нас се изложени на илјадници огласи, промоции и нови приказни секој ден. Сумата на потрошени пари во овие три области се вртоглави па не е ни чудо што ова се најголема области.
- Proof of performance
- Некои огласувачи може да бараат доказ дека огласите, кои ги платиле навистина се прикажале и дека стапката на клик е прецизна. Во печатените медиуми, откинатиот дел од изданието докажуа дека рекламата одела. На Интернет, нема таква практика за доказ. Некои купувачи се потпираат на интегритетот на медиа брокерот и на Интернет страната. Огласувачот обично ја проверува Интернет страна за да утврди дали огласите се прикажуваат. Повеќето огласувачи бараат неделни бројки за време на кампањата.
- PSA (Public Service Announcement)
- Оглас за јавна услуга е оглас кој служи за јавен интерес и не се наплаќа, кога нема други комерцијални огласи на Интернет страната. На пример: кога здравствената агенција на владата на САД води кампања против злоупотреба на дроги.
