Речник на интернет маркетинг поими
A / B / C / D / E / F / G / H / I / J / K / L / M / N / O / P / Q / R / S / T / U / V / W / X / Y / Z
- Mail filter
- Програма која овозможува сортирање на е-меил пораките пред да бидат отворени, според насловот, адресата на испраќачот или информации од содржината на пораката.
- Mail preference service (MPS)
- База на индивидуални домашни адреси чии сопственици одбрале да не добиваат директни маркетинг пораки.
- Manual submition
- Индивидуално рачно додавање на URL адреси во пребарувачот.
- Market research
- Статистичка анализа на податоци за купувачите со цел да се донесат заклучоци како основа за акција.
- Market segmentation
- Сегментација на пазар е метод на селектирање на групи на потрошувачи на кои ќе се таргетира одредена маркетинг порака. Ова е базирано на идејата дека потрошувачите кои делат исти карактерни особини се очекува да реагираат на сличен начин на маркетинг пораките.
- Marketing
- Сите активности кои се вклучени во трансферот на добра од производителот или продавачот до потрошувачот или купувачот, како што се рекламни огласи, испорака, складирање и продажба.
- Marketing plan
- Маркетинг планот ги изнесува специфичните акции кои треба да ги обавите за да ги заинтересирате потенцијалните потрошувачи и клиенти за вашите производи и да ги убедите да го купат она што го нудите.
- Max loop size
- Максималниот број пати на повторување на една анимирана графика. Најчесто 3-5 пати.
- Max time length
- Максимално времетраење на графичката анимација. Најчесто 10-20 секунди.
- Media kit
- Информации кои им се понудени на огласувачите од страна на Интернет медиумите за да им го објаснат рејтингот на медиумот, демографијата на посетителите и сл.
- Meta description tag
- Им овозможува на авторите на Веб страните да напишат објаснување за страната кое ќе се појавува во пребарувачките листи.
- Meta keyword tag
- Им овозможува на авторите на Веб страните да додадат текст во страните за да им помогнат на пребарувачите при процесирање на ранг листите.
- Meta search engine
- Пребарувач што прикажува резултати од повеќе пребарувачи.
- Meta tag generator
- Алатка која ќе изнесе МЕТА тагови базирани на информaциите од страната.
- Meta tags
- Тагови кои ги објаснуваат различните аспекти на една Веб страна.
- MI (Monthly Impressions)
- Месечни импресии е термин кој означува број на импресии (прикажувања) за еден месец.
- Mirror site
- Дупликат на Веб страната на различна URL адреса.
- Misspelling
- Интернационaлна грешка во спелување на клучни зборови, така што ќе се придобијат и оние посетители кои исто така ќе направат грешки во спелувањето.
- Moderator
- Модератор е некој во кого администраторите на форумите имаат доверба, кој помага дискусиите да останат продуктивни и да не излeзат од темата.
- MRR (Monthly Rental Rate)
- Месечен број на импресии кои ќе бидат продадени.
- Multiple keyword tag
- Користење на два или три клучни зборови за да се зголеми релевантноста на страната. Оваа техника се смета за SPAM и пребарувачите се трудат да ја избегнат.
