Network:

Речник на интернет маркетинг поими


A / B / C / D / E / F / G / H / I / J / K / L / M / N / O / P / Q / R / S / T / U / V / W / X / Y / Z



Kbps
Kilobits per second - килобита во секунда, стандардна мерка за модемска брзина.
Keyword
Специфичен збор, или комбинација на зборови, внесени во пребарувачот кои резултираат со листа на Веб страни поврзани со клучниот збор. Клучниот збор (keyword) е содржината на барањето во пребарувачот.
Keyword buys
Некои пребарувачи врзуваат одредени клучни зборови со продажни огласи. Кога корисникот пребарува одреден збор, резултатите најчесто се огласни банери на огласувачи кои ги откупиле тие клучни зборови.
Keyword marketing
Прикажување на оглaсна порака на луѓе кои пребаруваат користејќи одредени клучни зборови и фрази.
Keyword research
Пребарување на еден клучен збор за да се пронајдат сродни и поврзани зборови. Ова често се прави за да се пронајдат најпродуктивните зборови.
Keyword weight
Обележува колку често еден клучен збор се појавува на една или повеќе страни. Генерално, колку повеќе пати еден клучен збор се појавува на една страна, толку повисoко ќе биде рангирана страната во пребарувачот.
Keywords tag
META tag кој се употребува за дефинирање на примарни клучни зборови на Веб страна.