Речник на интернет маркетинг поими
A / B / C / D / E / F / G / H / I / J / K / L / M / N / O / P / Q / R / S / T / U / V / W / X / Y / Z
- I-Coatch
- Онлајн услуга за поддршка на студентите по маркетинг и делегатите, која нуди онлајн туторијали, реални случаи и вежби.
- IAB (Interactive Advertising Bureau)
- Основано во 1996, Интерактивно огласувачко биро е водечка глобална асоцијација во огласувачката индустрија со над 300 активни членови во САД. IAB активностите вклучуваат проценка и препорачување на стандарди и практики, истражување за да се документира ефективноста на Интернет медиумот и едукација на огласувачката индустрија за користењето на онлајн и дигиталното огласување.
- Image map
- Систем на поврзани делови на една слика со хиперлинкови. На пример слика на Земјата може да има хиперлинк поврзан со различни локации. Со селектирање на тие локации ќе ве одведе до повеќе информации за локацијата.
- Impression
- Овој термин често се користи да им каже на огласувачите колку пати нивниот банер оглас е прикажан, односно виден од посетителите на страната. Импреиите (прикажани страни) ги објаснуваат информациите примени од посетителите по прикажувањето на сите елементи (текст или графика) од кои се состои една Веб страна.
- Inbound link
- Линк кој води до Веб страна. Кога корисникот ќе пристапи на Веб страната преку друга Веб страна, тоа се нарекува inbound link.
- Incentivized traffic
- Посетители кои добиле некаков вид на компензација за посетувањето на Веб страната.
- Insertion order
- Онлајн или принт документ каде се одредени деталите за огласната кампања.
- Interactive agency
- Агенција која нуди комбинација на Веб дизајн/развивање, Интернет огласување/маркетинг или Е-комерција/Е-бизнис консултации.
- Internal analysis
- Студија на внатрешните маркетинг ресурси на една компанија со цел да ги измери можностите и заканите, како и предностите и слабостите.
- Internal marketing
- Процесот на поттикнување на вработените да ги промовираат целите и актвиностите на компанијата. Процесот може да се случи на повеќе нивоа, од запознавање со производите до објаснување на целата бизнис стратегија.
- Internet
- Од терминот "intenetworking", Интернетот е направен од многукратни меѓусебно поврзани мрежи поврзани со TCP/IP протокол. Интернетот настанал од она што порано било познато како ARPANet креирано во шеесетите и седумдесетите години од минатиот век.
- Internet advertising
- Интернетот е најнов медиум за огласување на производи и услуги. За разлика од другите медиуми, интернетот служи како комуникациски канал, трансакциски и дистрибутивен канал, кој им дозволува на потрошувачите да добијат информации, да купуваат и да плаќаат на истото место.
- Invisible Web
- Група на динамички или огромни бази на податоци кои пребарувачите нема да ги индексираат.
- IP delivery
- Претставува процес на испорачување прилагодени содржини базирани на барањата на IP адресата. Ова им овозможува на Веб страните да ги заштитат нивните прилагодени кодови дизајнирани за високо рангирање во пребарувачот.
- IP spoofing
- Техника на конектирање на Веб страна, а соопштување на IP адреса различна од онаа на која сте конектирани. Ова е крајно неетичка тактика и крши определени копјутерски и техничи закони. Во контекст на пребарувачите IP spoofing вклучува пренасочување односно измама на пребарувачот да индексира една страна, додека всушност доставува содржина од друга страна. Тоа исто така значи лажно пренасочување на корисникот кој едноставно клика на еден линк, кон друга страна (различна од линкот).
- ISDN
- Integrated Services Digital Network е дигитална мрежа понудена од некој интернет сервис провајдер кој им овозможува на корисниците да трансверираат до 128,000 bps преку стандардна телефонска линија. Не е брз како кај кабелски или DSL модем, но е побрз од 56,000 bps модемот.
- ISP
- Интернет сервис провајдер е компанија која овозможува пристап до Интернет преку еден или повеќе видови на технологија, како на пример телефонска линија, кабелси приклучок, фибер оптички, радио бранови или сателитски.
