Речник на интернет маркетинг поими
A / B / C / D / E / F / G / H / I / J / K / L / M / N / O / P / Q / R / S / T / U / V / W / X / Y / Z
- Hidden text/tiny text
- Поставување на карактери со иста боја на позадина со иста боја прави да бидат невидливи. Оваа техника беше популарна до пред извесно време, но пребарувачите брзо ги уловија и почнаа да ги банираат Интернет страните.
- Hit
- Секој елемент на Интернет страната (графика, текст, интерактивни делови, банери) кој се вчитува на корисникот на таа Интернет страна. Пример, ако Интернет страната содржу две графики хитот ќе се брои за страната и за секоја графика - значи три хита. Веб мастерите ги користат хитовите како би ја оцениле оптеретеноста на серверот.
- Home page
- Почетната страна на Интернет страната.
- Hot linking
- Процес со кој се поврзува (линкува) слика зачувана на една страна но се појавува на еден или повеќе други Интернет страни. Доколку е направено без дозвола, се смета за неетички, бидејќи се користи неплатен пренос.
- Hourly totals
- Број на прегледани страни или посети на Интернет страна во последните 24 часа.
- House ad
- Самопромовирачки огласи кои компанијата ги користи на сопстевената Интернет страна за да ги искористи непродадените прикажувања. Вид на банер огласување, кој Интернет страната го прикажува кога нема комерцијален банер да го пополни местото. Вообичаено се пополнува со оглас, кој промовира некоја од услугите, производите или карактеристиките на Интернет страната.
- Hover ads
- Начин на прикажување на порака на Веб страната. Hover огласите (летечките огласи) се повеќе се користат наместо pop-up прозорци, бидејќи pop-up блокерот не може да ги блокира ваквите огласи.
- HTML
- Hyper Text Markup Language е програмски јазик кој помага да се контролира содржината и дизајнот на еден документ кој се наоѓа на Веб страна (www).
- HTML banner
- Банер оглас каде е користен HTML елемент, често вклучувајќи интерактивни форми наместо страндардни графички елементи.
- HTML email
- Е-маил кој е форматиран да користи HTML, наместо текстуален е-маил.
- Hybrid model
- Комбинација на два или три модели на онлајн маркетинг плаќање.
- Hybrid search engines
- Новата генерација Хибридни пребарувачи ги комбинираат директориумите со пребарувачите за да дадат најрелевантни и комплетни резултати.
- Hyperlink
- HTML код кој кога ќе биде кликнат го пренасочува пребарувачот на друга Веб страна. Повеќето банер огласи се "хиперлинкувани" до Веб страните на огласувачите.
