Речник на интернет маркетинг поими
A / B / C / D / E / F / G / H / I / J / K / L / M / N / O / P / Q / R / S / T / U / V / W / X / Y / Z
- FAST marketing
- Focused Advertising Sampling Technique: пристап на концентрирана промоција во краток временски период со цел да се засити пазарот.
- Favicon
- Мала иконка која се користи во некои пребарувачи за да означи зачуваните фаворизирани Веб страни.
- FFA
- Free-for-all - листа бесплатна за сите сите линкови, каде не се потребни квалификации за додавање на линк.
- Filter words
- Овој термин често се поистоветува со Stop words. Филтер зборовите се општи зборови (сврзници) кои пребарувачите ги отстрануваат од Веб страните пред да ги додадат во базата на податоци. Со отстранување на овие зборови се заштедува голем простор во базите на податоци.
- First mover advantage
- Понекогаш несовладлива предност која ја поседува првата компанија која влегува на нов пазар.
- Flash
- Мултимедијална технологија развиена од Macromedia која овозможува зголемена интерактивност во релативно мали фајлови.
- Frames
- Структура која овозможува поделба на Веб страната на неколку независни делови.
- Free standing insert (FSI)
- Најчесто купон или друг промотивен материјал кој се наоѓа во списанијата и весниците.
- Frequency
- Термин кој се користи да опише колку пати еден оглас е виден од ист посетител во одреден временски период.
- Frequency cap
- Максималниот број пати кој еден посетител гледа еден ист оглас во одреден временски период.
- FTP
- Начинот преку кој Веб страните се качени на сервер.
