Речник на интернет маркетинг поими
A / B / C / D / E / F / G / H / I / J / K / L / M / N / O / P / Q / R / S / T / U / V / W / X / Y / Z
- DAGMAR
- Defining Advertising Goals for Measured Advertising Response - модел за планирање на адвертајзинг активности на начин како би можел квантитативно да се следи успехот од активностите.
- Daily totals
- Графикон за сообраќајот на Веб страната, кој ги сумира активностите на Веб страната за одреден временски период. Деталите вклучуваат број на кликови и број на прикажани страни дневно.
- Data transfer
- Вкупната количина на надворешен сообраќај од Веб страната, типично мерен во мегабајти.
- Daughter window
- Оглас кој се појавува во друг прозорец и асоцира на истовремениот прикажан банер. Во практика содржината и банерот се прикажуваат први а daughter-прозорецот се појавува момент подоцна.
- Dead link
- HTML линк кој станал некорисен. Веб страната до која треба да води веќе не постои. Многу пребарувачи рутински ги проверуваат "мртвите линкови". Ваквите линкови може да бидат сериозен проблем за пребарувачите, но со зачестена проверка на линковите, мртвите линкови стануваат реткост.
- Dedicated IP
- IP адреса одредена само на една Веб страна.
- Deep linking
- Линк кој води до страна која не е насловна, односно е подстрана.
- Deep web
- Група на динамични или Веб страни со обемни бази на податоци кои пребарувачот нема да ги индексира.
- Delisting
- Кога Веб страните ќе бидат тргнати од пребарувачкото индексирање. Ова може да се случи доколу тие се банирани или поради друга причина, како случаен "баг" на пребарувачот.
- Demographics
- Информации околу величината и карактеристиките на одредена популација на луѓе кои се во интерес на огласувачите, како возраст, пол, приходи, образование, семејство. Ова не вклучува психографски карактеристики како субјективни ставови и мислења на потрошувачите.
- Description tag
- HTML знак кој го користат авторите на Веб страните за да дадат објаснување за страната во пребарувачките листи.
- Digital Video Commercials
- Реклами кои наликуваат на тв реклами кои може да се појавуваат на страната или пред, за време на или по одредена содржина која се појавува. Тука се вклучени видеа, анимации, игри, музика и сл. Оваа дефиниција вклучува дигитални видео реклами кои се појавуваат во живо, се архивираат или спаѓаат во содржина која може да се симне од Интернет.
- Direct marketing
- Процесот каде огласувачот ги испраќа своите пораки директно до потрошувачите или потенцијалните купувачи. Две најпопуларни форми се директен маркетинг преку телефон и пошта.
- Direct response
- Вид на оглас кој им овозможува на примачите да одговорат директно на огласувачот и да нарачаат производ/услуга или да добијат повеќе информации. Чести методи на одговор вклучуваат пошта, телефон или е-пошта.
- Directory
- Web directory - организирана, категоризирана листа на веб страни.
- Display Advertising (Banner Ads)
- Огласувачот плаќа Интернет компанија за просторот за изложување на статичен или поврзан (hyper-linked) банер или лого на една или повеќе страници на Интернет компанијата.
- DNS
- Domain name server е компјутер поврзан на интернет кој помага да се преведат домеин имињата во IP адреси. Без тоа Веб страните не можат да бидат најдени кога ќе бидат впишани во пребарувач.
- Domain name
- Локација на ентитет на интернет.
- Domain name registration
- Процесот на регистрирање на домеин име со одобрена регистрација. Процесот е надгледуван од ICANN.
- Doorway domain
- Домеин користен специјално за високо рангирање во пребарувачите за одредени клучни зборови, користен како влезно место низ кое посетителите поминуваат за да дојдат до домеинот.
- Doorway page
- Домеин дизајниран за да го пренасочува сообраќајот кон насловната страна лоцирана на друг домеин.
- DTC
- "Direct-to-consumer" директно до потрошувачот е термин кој означува рекламна порака која е насочена кон крајни корисници, а не други фирми.
