Речник на интернет маркетинг поими
A / B / C / D / E / F / G / H / I / J / K / L / M / N / O / P / Q / R / S / T / U / V / W / X / Y / Z
- Call of action
- Рекламен оглас кој ги поттикнува корисниците да превземат одредена дефинирана акција. Како на пример: "Кликнете овде" или 'Купете сега'', или пак "Влезете сега за да добиете патување на Хаваи".
- Campaign
- Процесот на планирање, креирање, купување и следење на маркетинг проектот од почеток до крај.
- Cascading style sheet (CSS)
- Посебен формат на податоци кој се користи да ги раздели различните стилови во стуктурата на Веб страната.
- Classifieds and auctions
- Се исплати кога огласувачите ги плаќаат на Интернет компаниите да листаат конкретни производи или услуги ( пр. Online табли за работа, листи на работни позиции, листи на недвижнини, автомобили, аукции, жолти страници).
- Click stream
- Патот кој го поминува посетителот додека ги надгледуваат поединечните страни на една Веб страна. Корисно за самиот Интернет медиум е да знае кој пат го поминуваат посетителите пред да ја напуштат Веб страната.
- Click tracking
- Броење на кликовите на линкови преку програма за пренасочување која ги мери кликовите.
- Click-through
- Процесот на кликање на огласната реклама и доаѓање до дестинацијата на огласувачот.
- Clicks
- Број на кликови кои настанале како резултат на кликањето на корисницте на одреден банер и нивно пренасочување на Веб страната на огласувачот.
- Consumer advertising
- Оглас испратен кон лице кое е краен корисник на производот, наместо да се испрати на фирма или дилер.
- Consumer behavior
- Студиите направени за однесувањето на потрошувачите ги проучува сите аспекти, како што се чувствата на потрошувачите, мислите и причините за донесување одредена одлука во купувањето производи и услуги.
- Content & Section Sponsorship
- Е кога огласувачот ексклузивно спонзорира одредена секција од страната или е-мејлот ( вообичаено со содржина) обвиена со брендот на огласувачот.
- Contextual search
- Текст линкови кои се појавуваат во статијата засновани на контекстот на содржината, наместо на клучен збор поднесен од корисникот. Плаќање постои само кога ќе се кликне на линкот
- Conversion
- Термин кој се користи да го опише процесот на придобивање на посетителот да прифати понуда или да стане купувач. Огласувачите тежнеат кон виска стапка на конверзија.
- Conversion rate
- Врската помеѓу посетителот на страната и акцијата која би била еден вид на "конверзија", како продажба или барање на дополнителни информации. Најчесто изразена во проценти. Ако Веб страната има 50 посетители и 10 од нив направиле конверзија, тогаш страната има 20% стапка на конверзија.
- Cookie
- Информации складирани во компјутерот на корисникот, така што референците се зачувани за идна употреба.
- Copy writing
- Процесот на пишување на текстот во еден оглас кој би го привлекувал вниманието на читателите и би предизвикал интерес, желба и брза акција.
- Cost per action (CPA)
- Модел на плаќање за Онлајн огласување кое е базирано само на конкретни акции, како продажба или регистрирани потрошувачи.
- Cost per click (CPC)
- Модел на плаќање за Онлајн огласување , каде огласувачот плаќа за секој клик на неговиот оглас.
- Cost per impression (CPI)
- Модел на плаќање каде огласувачот плаќа за секое појавување на огласот на одредена Веб страна.
- Cost per rating point (CPP)
- Цена по 1% од специфициран аудиториум, од закупениотт огласен простор во даденото медиумско средство.
- Cost per thousand impressions (CPM)
- Цена за 1000 импресии, модел на плаќање каде огласувачот плаќа цена по 1000 импресии односно 1000 прикажувања на огласот на одредена Веб страна.
- Creative
- Технологијата која се користи за креирање на банер огласот или друг вид на оглас. Најчестите креативи се во GIF, JPEG, Java, HTML, Flash или видео и аудио формат.
- Customer acquisition costs
- Трошокот кој ќе настане при придобивањето на нов купувач.
- Cyber squatting
- Кога едно лице ќе купи домеин кој е веќе заштитено име или сличен на заштитното име на друга компанија.
