Network:

Речник на интернет маркетинг поими


A / B / C / D / E / F / G / H / I / J / K / L / M / N / O / P / Q / R / S / T / U / V / W / X / Y / Z



B2B
Business to business е бизнис модел каде главните купувачи се други бизниси, односно фирми. Општите B2B веб страни вклучуваат онлајн продавници каде компаниите можат да купат материјали и опрема.
Backlinks
Сите линкови кои водат до одредена веб страна, таканаречени inbound линкови.
Banner ad
Графичка веб реклама, најчесто со димензии 468x60 пиксели.
Banner blindness
Тенденцијата на посетителите да ги игнорираат банер огласите, дури и кога тие содржат информации кои всушност постетителите ги бараат.
Banner exchange
Мрежа на веб страни, каде самите страни си разменуваат банер огласи меѓусебно.
Blind links
Текстуaлен или графички хиперлинк кој јасно не одредува каде треба да води линкот.
Boutique
Агенција кои нуди ограничени услуги, на пример ја создава креативата, но не нуди закуп на медиа простор, истражување и слично. Обично тоа се релативно мали компании.
BPS
Bits per second (бита во секунда) е количество на податоци, наречени битови, кои може да бидат трансферирани низ мрежата за една секунда. Кога количината надминува 100,000 bps тоа би се прикажало како 1 мегабит во секунда (mbps).
Button
Вид на огласна рклама помала од банер и најчесто поставена во делови од веб страната каде просторот е ограничен, како на пример во тесните колони од левата или десната страна на Веб страната.
Byte
Единица компјутерска меморија. Една буква или бројка е еден бајт.