Речник на интернет маркетинг поими
A / B / C / D / E / F / G / H / I / J / K / L / M / N / O / P / Q / R / S / T / U / V / W / X / Y / Z
- AAAA
- Основана во 1917, Американската Асоцијација на Адвертајзинг Агенции (АААА) е национална трговска асоцијација која ги претставува адвертајзинг агенциите во Соединтетите Американски држави.
- Above the fold
- Било кој дел од веб страната кој е видлив без движење на лизгачот надолу по страната. Огласниот простор во овој дел од страната има повисока цена бидејќи веројатноста огласот да биде виден од посетителот е поголема.
- Acquisition cost
- Трошокот на огласувачот за да придобие нов купувач. Огласувачот ја зема во предвид сумата на потенцијалниот приход од потенцијалниот купувач за целиот негов живот со цел да ги предвиди ваквите трошоци.
- Ad blocking
- Блокирање на оглас на Веб страна, најчесто графички Веб огласи.
- Ad broker
- Лице кое продава огласувачки простор за Веб страните.
- Ad flight
- Времетраење на целата маркетинг кампањата.
- Ad inventory
- Бројот на посети кои Интернет медиумот ги нуди за огласување.
- Ad server
- Компјутер, начесто управуван од трето лице, кој ги поставува и мери огласите независно од Веб страните на кои се појавува огласот. Користењето на ваков сервер помага за зацврстување на довербата меѓу огласувачот и Интернет страната, бидејќи статистиките се целосно објективни.
- Advergaming
- Може да опфаќа од купување од страна на огласувачот на сите единици за реклама во една игра до линк “спонзорирано од” за креирање на специјално брендирано доживување во играта.
- Advertising agency
- Адвертајзинг агенциите се компании кои креираат, дизајнираат и поставуваат огласи, и планираат и реализираат промотивни кампањи за нивните клиенти. Агенциите се поделени на два основни типа: агенции кои нудат целосни услуги и агенции кои нудат лимитирани услуги.
- Advertising network
- Мрежата претставува повеќе Веб страни кои продаваат простор за огласување и им овозможуваат на огласувачите да достигнат до голем број на разни целни групи.
- Affiliate marketing
- Поделба на приходите помеѓу огласувачите и објавувачите на огласите, каде компензацијата е базирана на мерење на ефектот, најчесто преку обемот на продажба, кликовите, регистрираните корисници.
- Agency
- Адвертајзинг компанија која ги претставува другите компании преку спроведување маркетинг усуги како планирање, креирање, купување и следење рекламните огласи на нивните клиенти.
- AIDA
- Ознака за Attention, Interest, Desire and Action. Ова е историски модел за тоа како функционира адвертајзингот, започнувајќи со придобивање на вниманието на потрошувачите, потоа нивниот интерес, потоа желбата за поседување на производот и на крај превземање на некаква акција, односно купување на производот.
- Anchor text
- Текст кој е поврзан со хиперлинк (текстот на кој кликате во пребарувачот). Овој текст пребарувачите го користат за рангирање на резултатите.
- Animated GIF
- Графика во GIF89a формат кој креира ефекти на анимација со ротирање на серија од статични слики.
