Новости
Одговорни лица за односи со јавноста се г-ѓа Савица Поп Тонева и г-ца Сања Божиќ.
Добредојдовте во делот за новости на Httpool.Сакате да научите повеќе за Httpool? Ве молиме контактирајте со нас на: info@httpool.com.mk
Обука: Основи на Интернет огласување
Httpool дел од обуката: Основи на Интернет огласување
На 11 декември 2009, Центарот за нови медиуми во клубот на новинари ја одржа својата прва отворена комерцијална обука на тема: Основи на Интернет огласување.
Целта на обуката беше да запознаат учесниците со основните карактеристики на интернет огласувањето, предностите и недостатоците кои ги нуди оваа форма на огласување, различните начини на таргетирање, потоа со различните типови на огласи и како да се изврши проценка на кои веб страници е најдобро да се рекламира.
Обуката беше наменета за директори на продажба и маркетинг, маркетинг и ПР агенции и менаџери на мали и средни компании. Истата ја проведоа Дарко Булдиоски и Наталија Трајчевска. Првата отворена комерцијална обука имаше 10 учесници. Тие доаѓаа од маркетинг агенции, онлајн медиуми, приватни компании и образовни институции.

Како дел од обуката презентација имаа и партнерите на обуkaта маркетинг агенцијата Httpool. Савица и Сања презентираа неколку студии на случај и чекор по чекор употреба на нивниот систем за контекстуално рекламирање со што значително ги надполнија теоретските предавања.
Успешната реализација на оваа обука ја потврди и малата евалуација која беше спроведена на крајот на еднодневниот настан. Центарот за нови мдиуми им се заблагодарува на сите учесници за активното учеството и искрениот придонес кон подобрувањето на нашата работа.
Оваа обука само повеќе не поттикна да се фокусираме на зголемување на бројот на активности поврзани со едукациајата од областа на новите медиуми. Па токму затоа најавуваме повеќе обуку на овие теми во текот на 2010. Ветуваме дека нема сите да бидат на основно ниво, туку ќе има и напредни обуки на кои ќе предаваат и експерти од регионот и пошироко.
Текстот е преземен од http://newmedia.org.mk/obuka-internet-oglasuvanje/
-
Упатство за медиуми
Сеп 25, 2009 -
Нов интернет медиум
Јуни 12, 2009 -
Активни и хумани на 25 Април 2009
Апр 8, 2009 -
Нов интернет медиум
Апр 8, 2009 -
Нови интернет медиуми
Фев 3, 2009 -
Топ листа на веб страни
Фев 3, 2009 -
Основање на Httpool Романија
Окт 29, 2008 -
Httpool на најголемиот настан за Дигитален маркети
Окт 29, 2008
