Network:

Новости

Одговорни лица за односи со јавноста се г-ѓа Савица Поп Тонева и г-ца Сања Божиќ.


Добредојдовте во делот за новости на Httpool.Сакате да научите повеќе за Httpool? Ве молиме контактирајте со нас на: info@httpool.com.mk


Користење на интернет

Октомври 27, 2009

Користење на информатичко - комуникациски технологии во домаќинствата и кај поединците.

Во првиот квартал од 2009 година 41,8% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал од 2009 година, 54,1% од домаќинствата користеле компјутер.

Широкопојасно поврзување на интернет имале 81,0% од домаќинствата со интернет пристап што споредено со истиот период од 2008 година претставува зголемување од 2,4 процентни поени.

Најзастапено широкопојасно поврзување на интернет, во овој период, било преку xDSL (ADSL и др.) технологиите и тоа кај 47,2% од домаќинствата со интернет пристап.

Во првиот квартал од 2009 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години компјутер користеле 55,5% што во споредба со истиот период од 2008 година претставува зголемување од 5,5 процентни поени, додека интернет користеле 50,0%, односно 8,5 процентни поени повеќе во однос на споредбениот период.

Интернетот претежно се користел за комуникација, информации и on-line услуги.

Подетално на следниот линк http://www.stat.gov.mk/pdf/2009/8.1.9.23.pdf