Новости
Одговорни лица за односи со јавноста се г-ѓа Савица Поп Тонева и г-ца Сања Божиќ.
Добредојдовте во делот за новости на Httpool.Сакате да научите повеќе за Httpool? Ве молиме контактирајте со нас на: info@httpool.com.mk
Активни и хумани на 25 Април 2009
Подржано од Хттпоол
McDonald’s Македонија и Скопски Маратон Ве покануваат на првата бизнис трка со хуманитарен карактер, која под мотото “Активни и хумани”, ќе се одржи на ден 25 Април (сабота) на градскиот Кеј на реката Вардар, со почеток во 11 часот.
McDonald’s Македонија и Скопски Маратон Ве покануваат на првата бизнис трка со хуманитарен карактер, која под мотото “Активни и хумани”, ќе се одржи на ден 25 Април (сабота) на градскиот Кеј на реката Вардар, со почеток во 11 часот.
Трката со хумана и рекреативна нота, ќе се одвива на потегот од мостот кај хотелот Александар Палас (старт на трката) до пешачкиот мост кај Луна Паркот (крај на трката), во должина од 1500 метри.
Учество можат да земат сите фирми или поединци, кои го поддржуваат активниот начин на живот и ја ценат хуманоста како чин на добрина и разбирање.
Котизацијата за учество на трката ќе биде минимум 200 денари (по учесник).Сите средства кои ќе бидат собрани од овој настан, ќе бидат наменети за потребите на Детската клиника во Скопје. Со котизацијата добивате стартен пакет кој се состои од маичка и стартен број.
Трката ќе има натпреварувачки карактер, при што првите тројца “маратонци” во машка и женска конкуренција ќе добијат медали.
Целта на трката, покрај поддржување на хуманоста е дружење,стекнување на кондиција и јакнење на спортскиот дух како приоритет за здрав живот во урбаната средина, особено на луѓето од деловниот свет чија работа во голема мерка е поврзана со канцелариски простор.
Учеството во трката, во истовреме може да биде и одлична можност за поврзување со Скопскиот Маратон, кој секоја година се одржува во месец Мај по повод денот на Европа. Повеќе информации може да најдете на веб страната www.skopskimaraton.com.mk
Доколку како фирма или поединец ја поддржувате нашата идеја за “Активни и хумани”пријавете го Вашето учество најдоцна до 22.04.2009 на емаил humanitarnatrka@skopskimaraton.com.mk или факс 3228-624. Пријавата можете да ја преземете од веб страната на Скопски Маратон, www.skopskimaraton.com.mk.
Котизацијата треба најдоцна да се уплати до 22.04.2009 на следнава жиро сметка:
300000000787094
ДБ 4030991161180
Комерцијална Банка со назнака за донација за Детската Клиника, или во готово при подигање на стартниот пакет.
Стартниот пакет ќе можете да го подигнете на 24 Април во периодот од 10 до 18 часот, во просториите на Сојуз на спортови на Скопје (што се наоѓа во близина на Градскиот Стадион, позади ресторантот Ања),со приложување на доказ за уплатената котизација (копија од уплатница).
За сите дополнителни информации контактирајте не на тел:3228624 и 3117687 или на мобилен 070-246-935(Кире) и 070-386-583(Ирена).
Се надеваме на Вашата заинтересираност како и за дружење со што оваа трка би прераснала во традиционална промотивна трка која пред се генерира здрав и активен животен стил и е од хуманитарен карактер.
Хуманитарната трка безрезeрвно ја поддржува и Хттпоол .
Во очекување на Вашата потврда за учество,срдечно Ве поздравуваме.
-
Нов интернет медиум
Јуни 12, 2009 -
Нов интернет медиум
Апр 8, 2009 -
Нови интернет медиуми
Фев 3, 2009 -
Топ листа на веб страни
Фев 3, 2009
