Новости
Одговорни лица за односи со јавноста се г-ѓа Савица Поп Тонева и г-ца Сања Божиќ.
Добредојдовте во делот за новости на Httpool.Сакате да научите повеќе за Httpool? Ве молиме контактирајте со нас на: info@httpool.com.mk
Основање на Httpool Романија
Брзорастечката интернационална огласувачка мрежа во CEE, ја претставува Httpool Романија.
Httpool му носи на романскиот пазар комплетна онлајн маркетинг понуда, подржана од 8- годишно интернационално искуство.
Главното седиште на Httpool е во Виена и контролира 8 други канцеларии во Централна и Источна Европа, со силни партнерства во Западна Европа, Русија и глобално. Претставува 1100 интернет медиуми и опслужува преку 1 милијарда импресии месечно.
“Нашата мисија е да се зголеми потенцијлаот на добивка на онлајн интернет медиумите и да ја зајакне ефективноста и ефикасноста на онлајн комуникациите на огласувачите преку Европа и глобално. Романија е многу важен пазар во Централно- источниот Европски регион. Ние придонесуваме многу додадена вредност за Романските огласувачи и интернет медиуми на пазарот”вели Тимотеј Гала, директор на Httpool Интернет Маркетинг.
“ Онлајн огласувачкиот пазар во Романија расте и станува се попрофесионален. Досега нашиот пазар беше назад за разлика од другите земји во регионот, но отсега е веќе природно Романија да стане атрактивен пазар за големите Европски онлајн огласувачки мрежи. Httpool Романија планира да придонесе за попрофесионален пазар, со разнообразност на моменталните понуди. Httpool инвестира во Романија и има долгорочни планови за развој, како што му се потребни на пазар кој расте” изјавува Бјанка Властон, управител на Httpool Романија.
Силното Европско присуство му дозволува на Httpool да ги вклучи Романските интернет медиуми во регионални онлајн кампањи, со што ќе привлечат дополнителни буџети за Романија онлајн.
“Романските интернет медиуми трошат 2/3 од нивниот капацитет. Огласувачите сакаат ефикасни решенија за да допрат до нивната целна група. Во овој контекст Httpool ќе им помогнат на интернет медиумите, со што ќе им ја зголеми продажната сила на Европско ниво, вклучувајќи ги во комплексна продажна платформа” вели Лаурњнти Поп заменик директор на Httpool Романија.
Httpool ќе претстави на пазарот нови технологии и дополнителни огласувачки методи, заедно со класичните формати, веќе добро познати на романските огласувачи. Ова исто така ќе им помогне на интернет медиумите подобро да го продадат својот капацитет, зголемувајќи ги и нивните приходи.
За огласувачите Httpoolим нуди силно портфолио на интернационални веб страни кои ќе им помогнат да направат нови контакти со нивните таргети.
Httpoolисто така им дава на огласувачите пристап до целиот спектрум на денешните онлајн медиуми и маркетинг можности.”Нас ни е потребно повеќе ефективност во Романските онлајн стратегии. Време е да ги комбинираме сите видови на кампањи: препознавање на брендот до изведба (CPM, CPC, CPA),класични банери до контекстуален или е-маил маркетинг”додава Лаурентин Поп.
Httpoolцели кон тоа да биде централна точка за пристап до секаков вид на онлајн кампањи, помагајќи им на огласувачите ефективно да ги исполнат своите коминикациски цели.
