Новости
Одговорни лица за односи со јавноста се г-ѓа Савица Поп Тонева и г-ца Сања Божиќ.
Добредојдовте во делот за новости на Httpool.Сакате да научите повеќе за Httpool? Ве молиме контактирајте со нас на: info@httpool.com.mk
Httpool на најголемиот настан за Дигитален маркети
Октомври 29, 2008
На 17ти и 18ти Септември Httpool Интернет Маркетинг се појави како изложувач на најголемиот Европски настан за Дигитална Медија индустрија, Маркетинг на Интернет Дизелдорф, каде официјално ја лансираше и работата во Германија.
Најголемиот Европски настан за Дигитална Медија индустрија, Маркетинг на Интернет Дизелдорф ги прими водечките дигитални медиа компании од ЕУ и централна и источна Европа. Конференцијата и саемот дадоа можност да се презентираат не само локалните германски компании, туку и компании од областа на огласувањето и технологијата, медиа агенции и огласувачи од цела Европа.
»Овој настан претставува голема пресвртница за бизнис стратегијата на Httpool. Нашата цел е да се прошириме на 26 светски пазари до крајот на 2011. Освен тоа официјално ја лансиравме и канцеларијата во Германија, која е нашиот 10ти пазар. Настанот ни помогна да склучиме партнерства, кои ќе ја зајакнат нашата понуда на пазарите. Едвај чекаме да ги претставиме нашите нови производи «, објаснува Tимотеј Гала, Директор на Httpool за Европа, Среден Исток и Азија.
