Network:

Мисија

Да станеме водечки онлајн огласувачки провајдер кој нуди комплетни услуги за новите пазари.


Нашата мисија е да станеме водечки онлајн огласувачки провајдер кој нуди комплетни услуги за новите пазари, кој ќе претставува централна точка за локален онлајн маркетинг и најрелевантен партнер за глобалните интернет медиуми.



Профил на Httpool и клучни статистики.

Основана во 2000 година, Httpool е еден од водечките онлајн огласувачки провајдери кој нуди комплетни услуги во Централна и Источна Европа, со интернационален дострел и фокус на новите пазари. Kaнцеларијата во Македонија е основана во 2005 година.

Httpool е оптимален партнер за интернационалните клиенти, опслужувајки ги новите пазари, локални огласувачи кои бараат комплетно решение на едно место, големи интернет медиуми кои се борат да го монетизираат интернационалниот сообраќај на нивните веб страни, и локални медиуми кои пробуваат да ги зголемат нивните потенцијални приходи преку разнообразно огласување и интернационални буџети.

  • 10 канцеларии во централна и источна Европа, Германија и САД
  • 35+ партнерства со главни интренационални мрежи
  • 60+ медиа спеијалисти во 10 канцеларии
  • 1 милијарда месечни импресии на 300+ веб страни
  • 7.500+ кампањи за 1000+ клиенти од 2000
  • 90%+ опфатеност на пазари пред 2008
  • 8 прикладни огласни решенија од светска класа

Менаџмент тим

Покрај високо-искусниот менаџмент тим, Httpool нуди предизвикувачка околина, атрактивни сопственички пакети и моќни зеднички вложувања во позициите на своите партнери, за да состави тим на најпочитуваните локални интернет претприемачи, агенции и медиумски уредници на локалните пазари.
Aljosa-jenko

Аљоша Јенко, Основач и Директор

Аљоша има 10 годишно искуство како претприемач, управител, е-бизнис советник, и медиа специјалист.Тој е одговорен за донесувањето нa одлуки околу инвестирање, стратегија и корпоративни прашања, интернационални проширувања и партнерства.Образование и достигнувања: MBA Haas School of Business, UC Berkeley, Kaufmann Fellow Finalist.

Greg-mcpartlin

Грег МекПартлин, Одговорен за финансии

Грег работи корпоративни финансии веќе 12 години. Пред вработувањето во Httpool, тој беше вработен како Директор на Deloitte&Touche за Централна Европа и ги специјализираше своите финансиски способности кон пазарните трансакции. Грег има диплома од Правен факултет, член е на институтот за овластени контролори во Англија и Велс, и член е на Факултетот за Корпоративни финансии.

Timotej-gala

Тимотеј Гала, ЕМЕА Директор

Се придружи на Httpool како заменик директор во 2003 година и до 2005 тој го менаџираше и развиваше Централно-Источниот регион. Тој е постојан предавач на регионалните конференции за огласување и советник за големите клиенти. МBA во Школото за Економија, Љубљана.

Davor-strehar

Давор Стрехар, Одговорен за техничкиот сектор

Давор е основач на ToboAds, водечка контекстуална огласувачка мрежа во Јужно-Источна Европа, преземена од Httpool во 2007 година. Моментално, тој води тим од 10 врвни девелопери, фокусирајќи се на следната генерација на огласувачки платформи. Давор има 10 годишно искуство во програмирање и е експерт во SEO, SEM и огласувањето.

Miki-devic

Мики Девич, Директор Httpool Германија

Мики има декада на сериозни водечки искуства во полето на дигиталните маркетинг комуникации. Пионер во Германската онлајн медиа индустрија, Мики од 1996 година па навака, работел со светски познати брендови на интернационално ниво. Мики има успешна водечка стратегија, планирање и водење на мулти канални веб иницијативи за брендови како: Deutsche Telekom, Mercedes-Benz, Lufthansa, Intel, Chrysler, Apple, Amazon и Henke. Мики сака музика, дружење, патувања, коли и спорт.

Igor-skunca

Игор Шкунца, Одговорен за креативниот сектор

Ко-сопственик и директор на Httpool Хрватска. Пред доаѓањето во Httpool, тој ја основал Invent, високо наградувана интерактивна агенција во Југо-Источна Европа која беше продадена на Grey Interactive.Член на управниот одбор на Хрватската Огласувачка Комора и постојан лектор на Лондонското Школо за PR.

Savica-pop-toneva

Савица Поп Тонева, Директор Httpool Македонија

Савица е директор на канцеларијата на Httpool во Македонија, каде е од самото основање на компанијата. Дипломиран економист на отсек Менаџмент на Економскиот Факултет Скопје. Искуството го добива, работејќи во реномирани компании, како од областа на Маркетингот така и од други области.

Sanja-bozik

Сања Божиќ, Проект менаџер Httpool Mакедонија

Дипломиран економист на департментот е-бизнис на Економскиот Факултет во Скопје. Во 2007 година беше дел од практикантите во Httpool Македонија. После три месечна пракса станува дел од тимот на Httpool Македонија како проект менаџер.